Бонучи: Ајакс не е тим за потценување

Италијанскиот првак Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите за противник го доби холандскиот Ајакс. Дефанзивецот Леонардо Бонучи предупредува дека тоа не е тим што треба да се потцени, со оглед дека го елиминира досегашниот европски шампион Реал Мадрид.

„Ајакс не е за потценување. Тие се подготвени, динамични, желни за докажување и веќе го елиминираа Реал Мадрид. Но, ние сме подготвени два мудри натпревари и да го покажеме најдоброто. Роналдо е вонсериски фудбалер и среќни сме што го имаме“, изјави Леонардо Бонучи.

„Старата дама“ ита кон нова шампионска титула во Серија А, иако вчера загуби од Џенова, а се надева дека оваа сезона може да стигне до пехарот и во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...