Бонучи брутално искрен: Едвај ги преживеав првите 48 часа по поразот од Македонија

Елиминацијата на Италија од Македонија донесе бурни реакции во јавноста на Апенините, па сега по неколку дена подоцна со ладна глава на оваа тема зборуваше стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Во италијанските медиуми веќе е најавено дека Џорџо Киелини се повлекува од националниот дрес на крајот на оваа сезона, но Бонучи истакна дека нема таква намера.

„Не знам какви се плановите на Киелини, но јас имам желба да продолжам и да бидам лидер на младите фудбалери кои го носат овој дрес. Првите 48 часа по елиминацијата беа навистина тешки, едвај ги преживеав. Најтешкиот дел беше да се мотивираат младите да кренат глава и да продолжат. Им зборувавме дкеа имаат неколку првенства пред нив и дека мораат да мислат на нас. Со нив разговараше и селекторот, така се стави точка на минатото, иднината е пред нас и ќе мораме да почнеме одново да се вратиме каде што припаѓаме“, заклучи Бонучи.

Се вчитува...