Леонардо Бонучи повторно е предмет на потсмев во фудбалска Италија по катастрофалната грешка на најголемото засилување на Милан, на дуелот со Австрија Виена.
Гостите одлично одиграа еден контранапад, се ослободија и од голманот Донарума, но топката на патот до мрежата ја чекаше искусниот Бонучи. Се очекуваше сигурна реакција, но Бонучи наместо искусно, реагираше почетнички и дозволи топката да му мине низ нозе – и да заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА