Бонучи по дебаклот во Рим: Вака не се станува голем тим

Милан одигра катастрофален натпревар во Рим губејќи од Лацио со убедливи 4-1, прв пораз на „росонерите“ по бројните засилувања доведени во летниот преоден рок. Најскапиот фудбалер на Милан, Леонардо Бонучи, не го криеше разочарувањето од ваквиот исход, но исто така и ја презеде одговорноста за да пренесе дел од победничкиот дух врз помладите фудбалери во тимот.

Бевме збунети при првата шанса на Лацио, го примивме првиот гол и потоа колата тргна низбрдо. Ако сакаш да бидеш голем тим не смееш да си дозволиш да играш вака. Не личевме на себе, не игравме како што знаеме кога ја имавме топката во посед, а најмногу потфрливме кога таа беше кај противникот. Разочарани сме, знаеме дека ни недостига нешто за да станеме моќна екипа, а на мене и на останатите поискусни играчи е да го пренесеме своето знаење и победничкиот дух врз оние помладите. Мора да бидеме полуди, погладни за игра при секој дуел“ – истакна Бонучи.

Милан веќе в четврток го очекува првиот меч од групната фаза во Лигата на Европа против Австрија во Виена, по што во следното коло од Серија А „росонерите“ ќе го пречекаат тимот на Удинезе.

Се вчитува...