Борче Даскаловски си замина од клупата на Карпош Соколи

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од кормилото на Карпош Соколи.

„Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и незавидна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа“, изјави Даскаловски за официјалниот сајт на клубот.

Екипата на утрешниот меч од ФИБА Еврокупот против Фалкон ќе ја води досегашниот помошник, Ангел Тасевски.

Се вчитува...