Бордо му даде отказ на тренерот Гурвене

Францускиот прволигаш Бордо од денеска е без тренер откако раководството одлучи предвремено да ја прекине соработката со Жоселин Гурвене.

Лошите резултати во домашното првенство се главната причина за отказот на 45 – годишниот француски стратег, а поразот кој тимот го доживеа пред два дена против Каен (0-2) пред своја публика му пресуди на Гурвене. Раководството на францускиот прволигаш во најскоро време ќе доведе негова замена.

Бордо по 21. коло во првенството на Франција се наоѓа на 13. место на табелата, со освоени 23 бода. Досега оствари шест победи и пет ремија, додека забележа 10 порази.

Во сабота Бордо го очекува тешка пресметка, гостуваат кај Нант кој го предводи Клаудио Раниери.

Се вчитува...