Борец активно на подготовките на Златибор (ФОТО)

Фудбалерите на Борец 1919 од вчера финалната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја реализираат во српскиот туристички центар Златибор.

Шефот на стручниот штаб Борче Христов на подготовките на Златибор има на располагање 21 фудбалер кои конкурираат за првиот тим во новата сезона.

Пред заминувањето за Србија, Борец одигра и два пријателски натпревари во Македонија. И на двата доживеа порази, од Брегалница (0-2) и од Ренова (1-4).

Се вчитува...