Борец и Брегалница ремизираа во Велес

Борец и Брегалница одиграа реми (1-1) во пријателски натпревар кој се одигра во Велес. За штипскиот тим ова беше прв натпревар зимава во подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Штипјани поведоа со голот на Михаил Маневски во 5. минута, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел домаќините израмнија во 65. минута со голот на Никола Радовиќ. До крајот немаше промена на резултатот, по што натпреварот заврши без победник.

Се вчитува...