Борец и Пелистер со меч без голови во Велес го затворија 24. коло во ПМФЛ

Фудбалерите на Борец и Пелистер со натпревар во Велез без голови го заокружија 24. коло во Првата македонска фудбалска лига, од кое пет натпревари, поради репрезентативните собири, беа одиграни вчера.

Натпревар во Велес главно со игра на средината од теренот, иако и двете екипи имаа и свои пооделни шанси, пред се во второто полувреме за победа.

Но, останаа неискористени за на крајот реална поделба на бодовите без голови.

ПМФЛ – 24. КОЛО – КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 0-0

ВЧЕРА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 1-0

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-6

Мирчевски 10′ – Рамадани 27′, Ибраими 34′(п), 49′, Дориев 55′, Хабај 69′, Елези 90′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 1-3

Каракамишев 15′ – Руатубаје 35′, Диак Ламине 70′, Реџиналдо 88′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1

Гуџуфи 18′ – Петковски 89′

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

Шефити 16′ – Алексовски 36′, Чарлестон 90’+3

Се вчитува...