Борец во 90. минута прими гол за реми со Младост Нови Сад (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Борец ремизираа (2-2) со Младост Нови Сад на првиот пријателски натпревар за време на своите подготовки на Златибор.

Велешани беа подобар противник од српскиот тим на централниот терен на Златибор но дозволија погодок на Младост во 90. минута за конечни 2-2.

Претходно, првото полувреме заврши 1-1, а стрелец на погодокот за велешани беше Георгиев, во второто полувреме погоди и Ефтимов по грешката на гостинскиот голман за водство од 2-1. Но, Србите на крајот стигнаа до реми.

 

Се вчитува...