Борис Бекер со нова тениска функција

Легендата на светскиот тенис, Борис Бекер (49), по финансискиот крах, повторно застанува на нозе и му се враќа на тенисот во нова улога. Бекер е назначен за прв човек во Германската тениска федерација (ДТБ) задолжен за развој на машкиот тенис, објави ДТБ.

Со врвните успеси што ги бележеше кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години од минатиот век, Бекер ја зголеми популарноста на тенисот во Германија. Сепак, недостатокот на добри резултати на германските тенисери во ерата после Бекер, го намали интересот за „белиот спорт“ во таа земја.

По завршувањето на играчката кариера Борис Бекер во периодот од 1997 до 1999 година беше селектор на германската Дејвис Куп репрезентација, но оттогаш беше во „затегнати“ односи со ДТБ. Од 2013 до 2016 година поранешниот прв светски рекет беше тренер на Новак Ѓоковиќ во најуспешниот период од неговата кариера кога Србинот освои седум гран-слем титули.

Се вчитува...