Борис Дијао замина во пензија

Илустративната кариера на Борис Диjао официјално е завршена. 36-годишниот Французин пензионирањето го објави во голем стил со видeо на социјалните мрежи во кое ја анaлизира неговата кариера со Рони Туријаф и со Тони Паркер со кои помина многу години во националниот тим на државата.

Листата на постигнувања на Дијао е долга. Тој со репрезентацијата ја освои титулата на Европското првенство во 2013 година, а со Сан Антонио спарс стана НБА шампион во 2014 година. Со Франција беше второпласиран на Евробаскетот во 2011.

„Среќен сум кога размислувам за мојата кариера. Го направив она што требаше. Не ми е жал за оваа одлука бидејќи не ја гледам како крај, туку како почеток на поинаков живот“ – вели Дијао.

Вкупно, тој има настапи на три светски првенства, два олимписки турнири како и на осум европски шампионати. Четири години помима во Сан Антонио, а потоа се пресели во Јута. И во залезот на кариерата играше за Франција во квалификациите за Светското првенство во 2019, предводејќи го тимот до беспрекорни 6-0.

 

Се вчитува...