Борко го бива и за вртење скара…Барса на пикник (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Барселона по првиот триумф во 2018 година, против Пуерто Сагунто во АСОБАЛ, имаше тим – билдинг, меѓусебна дружба на ракометарите со подготвување на ручек. Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, кој неодамна и официјално „скокна во тавче“, докажа дека веќе владее со кулинарските активности. Тој беше еден од главните скараџии при оваа акција на каталонскиот ракометен тим.

Се вчитува...