Борко Ристовски: Колективно потфрливме, но најважна е победата

Македонија со победата над аутсајдерот Чиле успеа да се квалификува во втората фаза од ракометното Светско првенство во Египет. Поранешниот репрезентативен голман, Борко Ристовски смета дека квалитетот на поединци доведе нашата селекција да триумфира против Чиле.

„Индивидуално го добивме натпреварот, иако колективно поотфрливме. Да не беа Лазаров, Пешевски, Митревски и Томовски, се сомневам дека ќе победевме. Сепак, најважно е што победивме и се квалификувавме во следната фаза“, изјави Ристовски во студиото на МРТВ. 

Чуварот на мрежата на Вардар вели дека не е голем оптимист за втората фаза и натпреварите против Словенија, Русија и Белорусија.

„Мислам дека не ни оди во прилог што ќе играме со Белорусија, Русија и Словенија. Не ни лежат противниците и се надевам дека нема да доживееме дебакл“, заврши Ристовски.

Се вчитува...