Борко Ристовски: Победивме силен тим, и имаме уште многу резерви во нас

ЕКИПА на ЕП во Загреб,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Одличен старт на Европското првенство за Македонија. Ја совладавме силната селекција на Словенија (25-24), а Борко Ристовски вели дека во нашите ракометари лежи уште многу сила за понатамошните битки. Во групата не очекуваат дуели и со Црна Гора и со Германија.

„Беше навистина тежок натпревар, секогаш е така на стартот на натпреварувањата. Игравме против Словенија, една силна селекција, и среќни сме затоа што стигнавме до голем триумф. Не блескавме, имаше моменти и кои треба да ги подобриме, но би рекол дека во нас има уште многу резерви. Долго го чекавме овој натпревар, имаше и периоди кога бевме во грч, но Македонија е силна кога може да победи и со една таква игра“, изјави Борко Ристовски.

Се вчитува...