Борко Ристовски утре потпишува за Бенфика

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, дефинитивно одлучи Бенфика и Лисабон да бидат следната дестинација во неговата клупска кариера.

Ристовски денеска во Лисабон ги мина задолжителните формалности и лекарски прегледи, а утре на официјалната промоција ќе биде потпишан и договорот со португалскиот клуб.

Во изминатите две сезони, Борко Ристовски настапуваше за Барселона, а претходно една сезона беше во составот на Рајн Некар Левен. По завршувањето на двегодишниот договор со каталонскиот клуб, македонскиот голман имаше неколку опции за враќање во Бундес лигата, но, сепак, на крај се реши за понудата од Бенфика и преселба во Лисабон, пред се од семејни причини.

Борко Ристовски ќе биде втор македонски репрезентативец во дресот на Бенфика. Пред една сезона, за лисабонскиот клуб настапуваше и неговиот репрезентативен колега, Никола Митрески.

Се вчитува...