Борко со 16 одбрани, Барселона се враќа во победнички ритам

По шокантниот пораз од Гранолјерс во претходното коло, Барселона повторно се врати во победнички ритам во финишот на сезоната во АСОБАЛ лигата. Каталонскиот тим славеше убедлива победа на гостувањето против Замора со 23-36 .

Тимот на Барселона кој уште пред неколку кола ја потврди новата шампионска титула во Шпанија, беше неприкосновен во овој дуел. Уште по првиот дел Барса имаше двоцифрена предност и само шест примени голови (6-16). Голема заслуга за тоа имаше и македонскиот голман Борко Ристовски кој само во првите 30 минути запиша 12 одбрани со 66 проценти на успешност, а натпреварот го заврши со 16 одбрани.

Во составот на Барселона по повеќе од една година пауза поради повреда на коленото се врати данскиот бек Ласе Андерсен.

По елиминацијата во ЛШ, до крајот на сезоната на Барселона и остануваат само натпреварите на домашен терен, уште три натпревари во АСОБАЛ лигата и настапот во завршницата во „Копа дел Реј“

Се вчитува...