Борко со Барселона ќе ја брани титулата во „Копа дел Реј“

Борко Ристовски со Барселона ќе игра во финалето за одбрана на пехарот во „Копа дел Реј“. Во полуфиналето од Купот, Барса ја потврди фаворитската улога против Пуенте Хентил (36-27). Противник на Барса во финалето на завршниот турнир од „Копа дел Реј“ што се игра во Мадрид, ќе и биде тимот на Ла Риоха.

Првиот дел од полуфиналниот меч, каталонскиот тим го заврши со три гола предност (19-16). Но, во второто полувреме избраниците на Чави Пасквал го засилија темпото и веќе по десетина минути се одлепија на 24-18. До крајот, ракометарите на Барселона рутински ја потврдија победата за финале во Купот.

Борко Ристовски има девет одбрани во второто полувреме, со 50-процентна успешност, а најефикасен во нападот беше Валеро Ривера со девет гола.

Се вчитува...