Борко со поддршка за ракометарите: Среќно момци! (ФОТО)

Вардаровиот голман Борко Ристовски не е во националниот тим на Светското првенство 2021 во Египет согласно определбата на селекторот Брестовац за подмладување на репрезентацијата. Но, испрати поддршка за поранешните свои репрезентативни соиграчи пред денешниот прв натпревар со Шведска.

„Среќно момци, Македонија вечна“ – напиша Борко поставувајќи и фотографија од националниот тим на својот Инстаграм профил.

Се вчитува...