Борко стандарден во новиот триумф на Барселона

Борко Ристовски запиша уште еден двоцифрен учинок на голот на Барселона во АСОБАЛ лигата. Во натпреварот од 19.коло, Барселона на домашен терен лесно го совлада второпласираниот Адемар Леон со 28-20 и уште еднаш ја потврди својата супериорност во шпанското превенство во кое веќе неколку сезони по ред, каталонскиот тим нема достоен ривал. Ристовски го заврши натпреварот со 14 одбрани и со 41 проценти на успешност на голот.

Како и на претходните дуели, Барелона во текот на целиот натпревар имаше целосна контрола на играта и на резултатот. Избраниците на тренерот Чави Пасквал по првото полувреме имаа предност од 17-12, а потоа рутински ја задржаа разликата и во вториот дел и запишаа уште една очекувана победа. Најефикасен во составот на Барса беше Валеро Ривера со 11 погодоци, а значаен придонес имаше и Борко Ристовски со сигурното издание на голот.

За Барселона која годинава нема загубен бод, ова беше десетата победа во серија вкупно во АСОБАЛ и во Лигата на шампионите. Следен во календарот на Барса е дуелот во Лигата на шамопионите против Кристијанштад на гостински терен  на 24 февруари.

Се вчитува...