Бoрнмут го смени тренерот после катастрофата од Ливерпул

Екипата на Борнмут се реши да го смени тренерот после катастрофалниот пораз од 9-0 од Ливерпул. Скот Паркер не е повеќе „шеф“ на тимот, откако денеска екипата објави дека се разделува со него.

Паркер дојде во Борнмут во јуни 2021 година, потпиша три години договор, но остана само една година на клупата на тимот.

„Бурнмут објавува дека се раздели со тренерот Скот Паркер“, стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...