Бoрнмут се врати во Премиер-лигата

Со победата над директниот конкурент Нотингем Форест, екипата на Бoрнмут и теоретски го обезбеди пласманот во англиската Премиер-лига за следната сезона. Со тоа Бoрнмут по само една година пауза, исто како Фулам, направи „кам-бек“ во најелитната англиска лига.

Стрелец на единствениот гол беше Мур во 83. минута од средбата, откако влезе во игра во вториот дел од мечот.

Со тоа Бoрнмут направи недостижни шест поени разлика на второто место на табелата, на едно коло до крајот во Чемпионшип, а Нотингем ќе го обезбеди баражот заедно со Хадерсфилд, а за него се борат уште и Шефилд Јунајтед, Лутон, Мидлзбро и Милвол.

Се вчитува...