Борозан беше „лузер на годината“ со Вардар, сега ќе си ја спасува кариерата во Загреб

Вуко Борозан ќе се обиде да се врати на елитната ракометна сцена откако црногорскиот бек денеска потпиша договор за Загреб. Црногорскиот бек своевремено го носеше дресот на Металург, потоа и на Вардар, а Борозан стана и „лузер“ на годината откако ги напушти „вардарци“ само неколку месеци пред освојувањето на втората европска круна во Лигата на Шампионите.

Потоа тој се пресели во Веспрем, но не ги оправда целосно очекувањата на унгарскиот ракометен гигант, по што последната сезона ја мина во дресот на Ал Араби. Загреб по освојувањето на титулата во хрватскиот шампионат реши да ја засили бековската линија, по што беше постигнат договор за соработка со Црногорецот.

„Благодарност за овој дочек. Ќе бидам краток, повеќе сакам да зборувам на теренот, отколку надвор од него. Чест ми е што доаѓам во клуб со богата традиција како Загреб и се радувам што ќе освојувам нови трофеи. Пред се, очекувам чекор напред во Лигата на Шампионите, верувам дека со Загреб можеме да стигнеме и до фајналфор турнирот во Келн“, изјави Борозан по потписот на договорот.

Се вчитува...