Борозан имал сообраќајка, нема да игра на ЕП 2018!

Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, ќе мора да отсуствува најмалку два месеци од терените по повредите здобиени при сообраќајната несреќа во близина на Цетиње. Оваа информација вечерва ја објави црногорскиот специјализиран ракометен портал “handballme“, посочувајќи дека иако нема посериозни повреди опасни по живот, „бомбардерот“ на „вардарци“ сепак ќе мора да паузира извесно време поради кинење на мускул на ногата.

Ова практично значи дека најдобриот црногорски ракометар ќе го пропушти претстојното Европско Првенство во Хрватска. Со оглед на фактот дека Црна Гора се наоѓа во иста група како и Македонија, јасно е дека сега шансите за пласман во следната рунда на нашиот национален тим се уште поголеми.

Ова сигурно е голем хендикеп за нашата селекција во пресрет на ЕП, но за среќа овојпат Вуко добро мина, поточно без потешки телесни повреди“ – информира “handballme“.

Како што стојат работите, Борозан ќе го пропушти и продолжението на сезоната во Лигата на шампионите и гостувањето на Вардар во Барселона, закажано за 10 февруари.

Се вчитува...