Борусија чекори супериорно: Неверојатен пресврт за триумф во Леверкузен

Борусија Дортмунд чекори супериорно во Бундеслигата задржувајќи се на лидерската позиција и по шесттото коло со триумфот од 2-4 на гостувањето против Баер Леверкузен.

„Милионерите“ на неверојатен начин стигнаа до победата со четири погодоци во второто полувреме, откако по првиот дел имаа негатива од 2-0.

Откако „фармецевтите“ дојдоа до предност од два гола во првото полувреме, во вторите 45 минути со головите на Ларсен и Ројс, Борусија Дортмунд дојде до 2-2. А, во самиот финиш со двата гола на Пако Алкасер во 86. минута и во четвртата минута од судиското продолжение, „милионерите“ дојдоа до посакуваните три бода.

Со оваа победа сега се осамени на врвот со 14 бода, пред Баерн Минхен и Херта кои имаат по 13 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...