Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Порто против Суперлигата

Додека многу европски великани го чекаат расплетот од конфликтот меѓу компанијата која ја формираше Суперлигата и УЕФА и ФИФА, од Борусија Дортмунд јасно порачаа дека се против неа.

Од Борусија Дортмунд велат дека за оваа одлука имаат поддршка и од Баерн Минхен и Ред Бул Лајпциг од кој се уште се немаат јавно изјаснето дали се за или против новото натпреварување.

Покрај германските гиганти и португалскиот Порто јавно соопшти дека планира да продолжи да се натпреварува во натпреварувањата под УЕФА и дека веќе ги одбил гигантите за учество во Суперлигата.

 

Се вчитува...