Борусија Дортмунд успеа да доведе нов голгетер за да ја засили конкуренцијата во навалната линија, потпишувајќи тригодишен договор со Никлас Фулкруг од Вердер Бремен.
Станува збор за 30-годишен фудбалер кој имаше блескава сезона, постигнувајќи 16 погодоци и пет асистенции во ланската бундеслигашка сезона. Фулкруг беше поврзуван и со Баерн доколку пропаднеше трансферот на Хари Кејн, но „милионерите“ реагираа пред самиот крај на преодниот рок и успешно ги финишираа преговорите. Вердер летово не сакаше да се раздели од својот најдобар фудбалер, но Фулкруг одбиваше да потпише нов договор, актуелниот истекува следното лето, поради што тимот од Бремен мораше да го продаде за тој следното лето да не си замине без никаква отштета.
Борусија Дортмунд ќе плати 15 милиони евра за овој искусен голгетер, а Фулкруг ќе потпише тригодишен договор за плата од шест милиони евра по сезона, двојно повисока сума од онаа што му ја понуди Вердер за нов договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА