Борусија Дортмунд го купува ‘новиот Левандовски’

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана за новото полско фудбалско чудо, Кжиштоф Пјатек. Соиграчот на Пандев од Џенова го нарекуваат ‘новиот Левандовски’, откако сезонава експлодира со десет постигнати гола на шест натпревари и во моментот е најефикасниот фудбалер во Топ 5 лигите во Европа.

Џенова го купи за само 3,5 милиони евра, а сега од Борусија Дортмунд доби десет пати поголема понуда. „Милионерите“ сметаат дека со Пјатек во тимот би се повторила историјата. Тие во минатото го имаа Роберт Левандовски како суперголгетер во своите редови, а сега би можеле да го имаат и неговиот наследник.

Се вчитува...