Борусија Дортмунд ја одреди цената за Ерлинг Халанд

Борусија Дортмунд е подготвена летово да го продаде Ерлинг Халанд, пренесуваат европските медиуми. Норвешкиот репрезентативец е вистинска гол-машина, а први фаворити за неговиот потпис се шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

20-годишникот сезонава на 31 натпревар постигна неверојатни 33 гола, од кои 21 во Бундеслигата, 10 во Лигата на шампионите и два во купот на Германија. Борусија тешко дека ќе го задржи својот најдобар фудбалер, но доколку некој од гигантите сака да го доведе на „милионерите“ ќе мора да им исплати неверојатни 180 милиони евра.

Покрај Реал и Барселона целата работа ја следат и Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, два тима за кои секако не се проблем парите.

Се вчитува...