Борусија Дортмунд минатата сезона ја заврши со профит, првпат по пандемијата

Германскиот вицепрвак Борусија Дортмунд, го објави финансискиот извештај кој покажува дека успеал да оствари профит за 9,5 милиони евра. Во истиот период лани клубот имаше загуба од 31,9 милиони евра, пред се поради пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата ги затвори стадионите со месеци, го чинеше клубот вкупно околу 150 милиони евра, изјави извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

„Секогаш велевме дека кога ги имаме навивачите зад нас, ќе се вратиме на патот кон нашата стара слава. Ние го направивме тоа“, рече Вацке.

Минатата сезона Дортмунд за „влакно“ ја загуби титулата. Требаше да го победи Мајнц на домашен терен во последното коло, но одигра само 2-2 со што титулата одново замина во Минхен.

За разлика од Борусија Дортмунд, речиси сите германски тимови пријавиле загуби во финансиските извештаи. Пандемијата на коронавирус остави длабоки траги на сите клубови. Барселона и ден денеска има финансиски проблеми поради коронавирусот.

Се вчитува...