Борусија Дортмунд „притиска“ во јануари да го „украде“ Елиф Елмас од Фенербахче

Германскиот гигант Борусија Дортмунд не се откажува од намерата во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Добро е познато дека 19-годишниот Елмас е цел на неколку европски клубови од Топ 5 лигите на Стариот континент. Борусија Дортмунд го посакуваше уште пред неговата преселба во Фенербахче, но акцијата за негов ангажман и натаму не е откажана. Како што пренесува турски „Фанатик“, тимот од Дортмунд е решен со нова понуда во јануарскиот преоден рок да го „украде“ Елмас од Фенербахче.

Изминатиов период, Елмас бил следен од скаути на „милионерите“ буквално на секој натпревар во Лигата на Европа. Неговите квалитетни изданија се причината Борусија Дортмунд сега и поотворено да ја истакне желбата за добивање на неговите услуги. Но, интерес за македонскиот фудбалер постои и од Манчестер сити.

Од Фенербахче и натаму нагласуваат дека не планираат продажба на Елмас. Но, јасно е дека се, на крајот, ќе зависи од висината на финансиската понуда која би ја добиле.

Се вчитува...