Борусија Дортмунд се откажа од враќање на Санчо

Борусија Дортмунд дефинитивно се откажа од можноста да го врати крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо. Германскиот тим се надеваше дека Англичанецот ќе се врати на „Вестфален“, но тоа нема да се случи со оглед дека англискиот тим одреди цена од 45 милиони фунти, а Борусија сака прво позајмица на една сезона.

Санчо од Борусија Дортмунд во 2021 година се пресели во Манчестер за сума од 73 милиони фунти.

Борусија Дортмунд соопшти дека ќе смета на Жулион Дуранвил, 17-годишниот Белгиец кој ќе добие поголема шанса во следната сезона. Дуранвил може да игра и на десната и на левата страна, а минатата сезона не играше многу поради повреда.

Се вчитува...