Борусија Дортмунд убедлива против Ајнтрахт за преземање на врвот во Бундеслигата

Борусија Дортмунд со два гола во последните 20 минути стигна до триумф од 3-1 против Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар од 3. коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ до предност дојдоа со голот на Диало во 36. минута. Откако Халер израмни во 68. минута за гостите, потоа следеа погодоците на Волф во 72. минута и Пако во 88. минута за конечни 3-1.


По овој триумф Борусија Дортмунд со 7 бода го зазеде врвот на табелата во Бундеслигата, барем до утрешните натпревари на Баерн Минхен, Волфсбург и Херта кои се со максимален ефект по првите две кола.

Се вчитува...