Борусија е „фабрика за таленти“ – најде нов „бисер“ што го освои Штутгарт

Борусија Дортмунд стигна до значајни три бода на тешкото гостување против Борусија Дортмунд, потпирајќи се на младите играчи пред кои претстои блескава иднина. Ансгар Кнауф беше херојот на овој дуел, откако 19-годишниот член на младинската академија влезе во игра во второто полувреме и го постигна победничкиот гол за „милионерите“.

Калајџиќ го отвори резултатот во корист на Штутгарт, а Борусија во второто полувреме направи целосен резултатски пресврт со головите на Белингем и на Ројс.

Штутгарт дојде до израмнување преку Дидави во 78. минута, но Кнауф беше човекот на одлука, со прецизен удар од петнаесетина метри носејќи им три бода на гостите од Дортмунд.

Се вчитува...