Босанецот Сулејман Крпиќ ја засилува Шкендија!?

Поранешниот младински репрезентативец на БиХ, Сулејман Крпиќ е можно засилување на Шкендија во зимскиот преоден рок.

27-годишниот Крпиќ, кој е актуелен играч на босанскиот прволигаш Слобода Тузла, фудбалски потекнува од младинската школа на Динамо Загреб. Претходно има настапи и за Сараево и за шведски АИК.

Според најавите, Крпиќ деновиве треба да се приклучи на подготовките на Шкендија во Охрид по што ќе биде одлучено околу неговиот ангажман.

„Блиску сме до договор со Шкендија, но се ќе биде дефинитивно познато наредниве денови“ – вели Крпиќ за босанскиот портал „Кликс“.

Интересно е дека Крпиќ, кој е поранешна голема надеж на Динамо Загреб, минатата година избегна одење во затвор откако плати 6.000 евра, по пресудата од четири месеци затвор поради насилничко однесување. Судот во Орашје го осуди Крпиќ откако на 30. август 2015 во четири часот наутро претепал еден човек кој се обидел да го одбрани неговиот другар. По ова, Крпиќ извадил челична шипка по што го бркал човекот додека тој не успеал да истрча кај полицијата.

Се вчитува...