Босанскиот „дијамант“ за спас на мега-проектот на Њукасл

Њукасл Јунајтед ја започната новата ера со промената на раководството, но мега-проектот со најбогатиот фудбалски газда на светот прво го очекува борба за спас од испаѓање од Премиерлигата. За истата на Еду Хау ќе му бидат потребни засилувања, а според пишувањата на англиските медиуми за тоа ќе има 230 милиони евра на располагање.

На врвот на списокот на желби на младиот англиски стратег се наоѓа репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко за кого годините се само број. „Дијамантот“ оваа сезона премина во редовите на Интер како замена за Ромелу Лукаку и перфектно се поклопи во редовите на „нероаѕурите“.

Токму затоа 35-годишникот е приоритет број еден за Хау, но останува да видиме дали „црно-белите“ ќе успеат да го примамат искусниот голгетер со голема сума на пари во своите редови поготово доколку се земе во предвид дека Интер повторно се наоѓа на врвот на табелата во Серија А.

Доколку успеат во намерите тоа воедно ќе значи и враќање на Џеко во Премиерлигата каде со Манчестер Сити освои две лигашки титули во сезоните 2011/12 и 2013/14.

Се вчитува...