Бошко Ѓуровски: Партизан се однесува шизофренично…

Поранешниот македонски репрезентативец и селектор на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски, се вмеша во конфликтот што владее во српскиот фудбал меѓу вечните ривали Партизан и Црвена Звезда. Сосема очекувано, Ѓуровски ја зазеде страната на „црвено-белите“, со оглед на фактот дека тој настапуваше како играч за овој клуб, а потоа кратко време беше и тренер на Црвена звезда.

Контроверзната победа на „црвено-белите“ и непостоечкиот пенал против Партизан минатиот викенд ги разгоре страстите во спортската јавност кај северниот сосед, но Ѓуровски смета дека односот на „црно-белите“ и постојаните поплаки на арбитражата се претерани.

„Молчевме и се однесувавме во духот на фер-плејот повеќе од две години. Сепак, сега гледаме дека ФК Партизан почнува да се однесува шизофренично, таму владее колективна хистерија организирана од политичкиот спин-мајстор Милорад Вучелиќ. Сето ова потсетува на она сценарио од 2017 година, кога плачеа на цел глас и на крајот создадоа амбиент со кој ни ја украдоа титулата. Затоа и треба да реагираме сега, кога имаме четири бода повеќе од Партизан. Сега кога сме украдени на големото дерби кога ни беше поништен регуларен гол при резултат 0-0, ќе стигневме до победа со која ќе имавме десет бода предност во однос на ривалот“ – порача Бошко Ѓуровски.

Се вчитува...