Бошковски: Пролет нема да го прецени Гранолјерс

Шефот на стручниот штаб на Пролет, Андон Бошковски, смета дека македонскиот претставник не треба со бело знаме да излезе на натпреварите од првото квалификациско коло од Лигата на Европа, во кое ќе се сретне со шпанскиот прволигаш Гранолјерс.

Јасно е дека Шпанците ќе ја имаат фаворитската улога, но Бошковски порачува дека ривалот мора да биде респектиран, но не и преценет.

„Добивме исклучително атрактивен противник, свесни сме за реномето на Гранолјерс, тим што меѓу другото ја има и најдобрата младинска школа во Шпанија долги години наназад. Ако кажам дека Гранолјерс е фаворит, нема да згрешам, но нема да згрешам и доколку кажам дека не смееме да го пренециме противникот и дека не сме без шанси. Од она што го дознав веднаш по ждрепката, тренерот потпишал нов договор, додека капитенот си заминал од клубот заедно со уште неколку ракометари. Дополнително ќе ги дознаеме сите информации и ќе се подготвиме, наша цел дефинитивно е квалитетно да ги одиграме двата натпревари и доколку ни се укаже шанса, да оствариме добар резултат“, изјави Бошковски.

Се вчитува...