Бостон без големата ѕвезда на почетокот на сезоната

Тимот на Бостон на почетокот на сезоната ќе биде ослабен поради отсуството на еден од најдобрите играчи во тимот, Кемба Вокер. Бекот на Селтикс има повреда на левото колено поради која ќе отсуствува 12 недели.

Рехабилитацијата на Американецот е веќе започната претходниот месец, првичните информации беа дека неговото враќање на паркетот ќе биде веќе во декември, но новите информации велат дека неговото отсуство ќе биде најмалку до јануари.

Плејмејкерот во својата прва сезона во дресот на Селтикс бележеше просек од 20.4 поени, 4.8 асистенции и 3.9 скока по натпревар, додека во плејофот неговите бројќи беа 19.6 поени, 5.1 асистенција и 4.1 скока по натпревар.

Покрај Кемба Вокер, на почетокот на припремите за новата сезона, Бостон нема да може да смета ни на услугите на новото засилување Тристан Томпсон, кој на тренинг се здобил со повреда на тетивата на коленото.

Се вчитува...