Бостон го преслуша Голден Стејт во „ТД Гарден“ (ВИДЕО)

Бостон стигна до ново водство (2-1) во финалната серија на НБА лигата откако во првиот натпревар во „ТД Гарден“ славеше со 116-100 над Голден Стејт. Селтикс имаа двоцифренa предност веќе во првата четвртина, а водството ја задржаа до самиот крај и покрај налетот на гостите во третата четвртина во која стигнаа до негатива од само еден напад.

Џејлен Браун со 27 поени, 9 скока и 5 асистенции беше лидер на Бостон, додека него го следеше Џејсон Тетјтум со 26 поени, 9 асистенции и 6 скока. Стеф Кари беше прво име кај Голден Стејт со 31 поен и 4 скока, 25 поени, 3 скока и 3 асистенции додаде Клеј Томпсон.

Се вчитува...