Бостон го преслуша шампионот, Хјустон триумфален во Торонто (ВИДЕО)

Бостон го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава и го порази НБА првакот, Голден Стејт со неверојатни 33 поени разлика, 128-95.

Клучниот дел од натпреварот беше втората четвртина во која „селтикс“ постигнаа дури 41 поени, наспроти 24-те на Голден Стејт. Потоа Бостон успешно ја одржуваше разликата и без многу мака дојде од триумфот.

Гордон Хејворд со 30 поени беше лидер во победата на Бостон, Кајри Ирвинг постигна 19. Кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 23 поени, Кевин Дурент 18, а само уште Демаркус Казинс имаше двоцифрен број поени, 10.

За Голден Стејт ова беше 20. пораз, има 44 поени и натаму има релативно сигурна предност пред Денвер на врвот на табелата во Западната конференција. Бостон пак, останува на петтото место на Исток со биланс од 39/26.

Со 19 поени во решавачката последна четвртина, Џејмс Харден го предводеше Хјустон до триумфот од 107-95 над вториот најдобар тим во лигта, Торонто. Харден вкупно постигна 35 поени. За Хјустон ова е шеста последовна победа, а има осум триумфа на последните 11 натпревари. Со ефект од 39/25 е на петтото место на Запад. Каваи Ленард беше најефикасен кај Торонто со 26 поени. Канадскиот тим има два пораза по ред, но останува на одличен ефект од 46/19 е на второто место на Исток.

Карл Ентони Таунс со 41 поен ја предводеше Минесота до триумфот од 131-120 над Оклахома за која Расел Вестбрук имаше 38 поени и 13 скока. Оклахома не излегува од лошиот резултатски период, има четири порази на последните пет натпревара, но го задржува третото место во Западната конференција со идентичен биланс како и Портланд кој исто така претрпе пораз. Загуби на гостувањето кај Мемфис со 120-111. Двете екипи имаат ефект ист како и Хјустон, 39/25.

 


На останатите две пресметки Филаделфија го победи Орландо со 114-106, а Индијана со 105-96 беше подобра од Чикаго.

 

Се вчитува...