Бостон го „размонтира“ Бруклин, пораз на шампионот од Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс го понижија Бруклин нетс откако го декласираа на домашен терен со убедливи 139-96. Иако Нетс играа без својата прва ѕвезда Кевин Дјурант не смееја да си дозволат ваков пораз.

Џејсон Тејтум со 31 и Џејлен Браун со 26 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Кајри Ирвинг уфрли скромни 20 поени.

Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс загуби на гостувањето кај Минесота Тимбервулс со 119-114. Дианџело Расел со 29 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Стеф Кари.

Во останатите мечеви од синоеќешната понуда: Филаделфија – Орландо 105-94, Мемфис – Портланд 112-122, Хјустон – Оклахома 112-106, Сан Антонио – Сакраменто 109-119, Јута – Торонто 131-128 и Феникс – Атланта 100-132.

Се вчитува...