Бостон немаше одговор за Батлер, Мајами се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Мајами ноќеска го совлада Бостон во шестиот натпревар во финалето на источната конференција, и го израмни резултатот на 3-3, изборувајќи се за мајсторка на домашен терен, со можност за пласман во големото финале.

Триумфот на Бостон од 111-103 го донесе Џими Батлер кој играше „симултанка“ и постигна неверојатни 47 поени, зачинети со девет скока и 8 асистенции. Тејтум кај Бостон стигна до 30 поени.

Натпреварот беше добиен во последните моменти, кога Мајами беше поконцентриран од противникот и славеше триумф. Првата четвртина му припадна на тимот на Мајами, а потоа следуваше враќање на Бостон, за „сонцата“ да заминат со предност од два разлика на полувремето. Сепак, одличен трет период имаа гостите кои го добија со 34:29, за предност од седум разлика пред одлучувачката четвртина.

Бостон на почетокот од четвртиот период немаше решение, па така едно време предноста на Мајами изенсуваше девет поени разлика, но потоа следуваше серија на Селтикс  за да се влезе во „егал“ во финишот (94-94). Бостон дојде и до тројка и до предност, која кратко траеше. Мајами брзо се врати, а драматичен крај наговетсуваа четирите деветки на семафорот (99-99).

Сепак, серијата на грешки на кошаркарите на Бостон максимално беа искористени од Мајами. Дојдоа до шест разлика, и на крајот ја одржуваа. Кога Браун направи прекршок во напад, беше јасно дека Мајами ќе се избори за мајсторка.

Седмиот натпревар е на програмата во недела кон понеделник во 02:30 часот.

Се вчитува...