Бостон по 12 години обезбеди финале во НБА

Бостон Селтикс успеа да го завери билетот за пласман во големото финале на НБА лигата сезонава, а противник за титулата ќе биде тимот на Голден Стејт Вориорс. Кошаркарите на Бостон остварија победа над Мајами Хит во седмиот одлучувачки натпревар со резултат 100-96.

Тимот кој играше лоша кошарка на почетокот на сезоната и ја зазеде само 11-та позиција на Истокот, стана шампион на Источната конференција.

Бостон водеше и го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар. На почетокот на вториот дел Мајами беше блиску до пресврт, во последната четвртина кога разликата беше еден поен, но Селтикси го задржа фокусот во одбраната и нападот.

 

 

Кај Бостон Смарт постигна 24 поени, исто толку Џејлен Браун, додека најефикасен беше Џејсон Тејтум со 26 поени. Кај Мајами лидер беше Џими Батлер со 35 поени, додека Бем Адебајо додаде 25.

Бостон 17 пати беше шампион во НБА лигата и сега ќе се обиде да дојде до 18-та титула. Селтикси последен пат беа во финалето на НБА пред 12 години кога беа поразени од Лејкерси во седум натпревари. Голден Стејт е во потрага по седмата титула, а последната ја освоија Вориорс во 2018 година. Во 2019 година, тие го загубија финалето од Торонто кога Кевин Дурант и Клеј Томпсон беа повредени долго време.

 

 

Се вчитува...