Бостон пред „метла“ за Бруклин, Јута и Минесота изедначија на 2-2

Бостон една победа го дели од место во четвртфиналето откако изминатата вечер славеше на гостувањето кај Бруклин со 103-109 за 3-0 во една од најдобрите осминафинални серии. До победа „зелените“ ги предводеше Џејсон Тејтум со 39 поени, 6 асистенции и 5 скока, додека лидер на домаќините беше Брус Браун со 26 поени и 8 скока.

Минесота изедначи на 2-2 во серијата против Мемфис откако на домашен терен славеше со 119-118 во неизвесна завршница. Карл Ентони Таун го предводеше својот тим до триумф со дабл-дабл од 33 поени и 14 скока, додека Десмонд Бејн беше прво име кај гостите со 34 поени и 4 асистенции.

До изедначување стигна и Јута која го одбрани домашниот терен во серијата против Далас со победа од 100-99. Џордан Кларксон беше лидер на домашниот состав со 25 поени и 4 скока, додека за гостите на паркетот се врати Лука Дончиќ, но дабл-даблот од 30 поени и 10 скока на Словенецот не беше доволен за триумф.

Се вчитува...