Бостон славеше во петтиот натпревар од финалната серија од Источната конференција со 80-93 над Мајами и се најде на победа до пласман во големото финале на НБА лигата. Клучна за мечот беше третата четвртина која кошаркарите во зелено ја добија со 16-32, а двоцифрената предност ја задржаа до крајот.
Бем Адебајо со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока беше лидер на Мајами, а него го следеше Винцент со 15 поени. Џејлен Браун со 25 поени и 4 скока беше прво име кај Бостон, додека 22 поени, 12 скока и 9 асистенции постигна Тејтум.
THREE DOWN ✅#CelticsWin pic.twitter.com/DEm0Rgv7JZ
— Boston Celtics (@celtics) May 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА