Бостон со нов триумф над Бруклин, Мајами до „брејк“ со шампионот, Филаделфија пред „метла“ против Торонто

Бостон стигна до водство од 2-0 во серијата против Бруклин откако изминатата вечер повторно го одбрани домашниот терен овој пат со победа од 114-107. Џејлен Браун беше прво име кај зелените со 22 поени и 6 асистенции, додека гостите ги предводеше Кевин Дурент со 27 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Мајами стигна до „брејк“ во серијата против актуелниот шампион Милвоки откако славеше со 110-114. Домаќините немаа одговор за расположениот Џими Батлер кој со 41 поен, 7 скока и 4 асистенции блесна на паркетот па го засени и одличниот натпревар на Јанис Адетокумпо на дабл-даблот од 33 поени и 18 скока додаде и 9 асистенции.

Филаделфија е на чекор до „метла“ во серијата против Торонто откако на гостински терен славеше по продолженија со 101-104. Ануноби беше лидер на домашниот состав со 26 поени и 5 скока, додека гостите ги предводеше Џоел Ембид со 33 поени и 13 скока.

Се вчитува...