Бостон со убедлива победа израмни во серијата против Мајами (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон израмнија во серијата против Мајами на 2-2 во финалето на плеј-офот во источната конференција на НБА. Ноќеска со убедлива победа од 102-82, Селтикси успеаја да дојдат до израмнување и најавија интересна завршница за пласман во големото финале.

Мајами ги промаши првите 15 од 16 шутеви, а натпреварот беше решен уште на полувремето. Во првата четвртина Бостон имаше предност од 29-11, а потоа во втората поведоа со 27 поени разлика, додека после третата имаа плус 32 поени.

Кошаркарите на Мајами не постигнаа поен во првите осум и пол минути игра, нешто што никому не се случило во историјата на плеј-офот. Бостон за тоа време дојде до 18-1, што беше еден од клучните фактори за победата.

Бостон до триумф ги предводеше Џејсон Тејтум кој постигна 31 поен, а притоа забележа осум скока и пет асистенции. Причард учествуваше во победата со 14 поени, додека Вајт постигна 13.

Во екипата на Мајами најефикасен беше Виктор Оладипо со 23 поени.

Се вчитува...