Бостон царува на „Истокот“

Бостон со уште еден одличен меч успеа да ја потврди својата доминација во НБА-лигата, откако „зелените“ славеа во пресметката со Милвоки со 122-119. Конечниот резултат е минимален, но треба да се истакне дека Бостон во голем дел од мечот имаше двоцифрена предност. Милвоки, кој настапи без повредениот Адетокумбо, се врати со серија поени во последната четвртина (21/36 во последниот период), но Бостон имаше свои адути во последните минути, ја задржа предноста и заслужено стигна до победата. Селтикси сега имаат скор 55-14 на чело на Источната конференција, со огромна предност пред второпласираниот Милвоки кој има 44-25.

Тејтум со 31 поен беше најефикасен во таборот на Бостон, додека кај Милвоки се истакнаа Лилард со 32 поени и Портис со дабл-дабл од 24 поени и 15 скокови.

Филаделфија е сосема поинаков тим по повредата на Ембид, па така оваа екипа претрпе очекуван пораз на гостувањето во Феникс од 115-102. Ален со 32 поени ги предводеше „сонцата“ во овој триумф, Дурант постигнаа 22, додека Убре со 18 поени беше најефикасен во поразениот тим. Феникс по овој триумф е егал со Далас на делба на седмото и осмото место во Западната конференција, додека Филаделфија по синоќешниот пораз падна на седмата позиција во „Истокот“.

Голден Стејт премногу лесно и убедливо го совлада тимот на Мемфис со 137-116. Интересно е што Стеф Кари немаше свој ден и постигна скромни 14 поени, а најефикасни во таборот на „воините“ беа Куминга со 26 и Томпсон со 23 поени.

Резултати НБА:

Кливленд – Мајами 104-107, Детроит – Индијана 103-122, Бостон – Милвоки 122-119, Торонто – Сакраменто 89-123, Оклахома – Јута 119-107, Голден Стејт – Мемфис 137-116, Феникс – Филаделфија 115-102, Портланд – ЛА Клиперс 103-116.

Се вчитува...