Бостон за едно полувреме го демолираше Мајами

Бостон израмни на 1-1 во финалната серија од Источната конференција откако селтикси одиграа извонреден меч на гостувањето против Мајами, демолирајќи го домашниот состав со 102-127. Смарт и Хорфорд се вратија во стартната петорка на Бостон откако го пропуштија првиот меч и ситуацијата на теренот целосно се промени, гостите доминираа од самиот почеток, не доволувајќи му на Мајами да стигне до позначајна предност во ова финале.

Како пресудно се покажа првото полувреме, во кое „зелено-белите“ го растурија противникот. По 24 минути игра резултатот гласеше 45-70 за Бостон, по што гостинските кошаркари рутински го приведоа мечот до крај, не дозволувајќи Мајами ниту за момент да се понадева на камбек.

Тејтум со 27 поени го предводеше Бостон во овој триумф, Браун и Смарт реализираа по 24, додека Батлер со 29 поени беше најдобар поединец во редовите на Мајами. Кај Домаќините повеќе се очекуваше од Оладипо, кој остана на скромни 14 поени, како и од Хироу, кој реализираше 11 поени.

Се вчитува...